Вооружена драма во скопско: Возејќи со автомобил извадил оружје и почнал да пука

Вчера во 22:32 часот 28-годишниот А.В. од село Грчец, скопско, пријавил дека во село Грчец во близина на неговиот дом, неговиот роднина Е.В., со кого не биле во добри односи, кој се движел со патничко возило „опел астра“, од огнено оружје испукал во воздух неколку куршуми, информира МВР.

Во 22:20 часот А.В. повторно пријавил дека членови од семејството на пријавениот телефонски му се заканувале. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Back to top button
Close