Вратени во служба македонските воените хеликоптери „М-8“ кои беа на ремонт во Чешка
Во касарната ,,Страшо Пинџур” во Петровец, деновиве пристигнаа двата воени хеликоптери М-8, кои беа целосно ремонтирани од Чешкиот ремонтен завод, објави на својата Фејсбук страница министерот за одбрана Владо Мисајловски.
-По само 4 месеци раководење со министерството успеавме да ја завршиме целокупната процедура која со месеци беше заглавена од претходното раководство, кое покажа апсолутна негрижа за суштинската потреба од дополнителни пловидбени летала, особено во летниот период кога се соочивме со серија на пожари низ целата територија на Македонија. Целокупната процедура ја завршивме без дополнителни финансиски средства по буџетот на Министерството. Армијата сега располага со 4 хеликоптери – напиша министерот Владо Мисајловски во своја објава на социјалните мрежи.
Министерот изрази багодарност до вработените кои беа вклучени во постапката, кои вложија максимални напори овој процес да се реализира со цел да бидеме подготвени за периодот што следува