ВРЕДИ: ДУИ не сака да оди само на локални избори, уплашени се!
„Најголемите гревови кон сопствениот народ ги прави ДУИ. Ако некој работи против интересите на Албанците во Македонија тоа несомнено се Али Ахмети и Бујар Османи. Само политички аматери не може да предвидат дека на локални заедно со предвремени парламентарни избори, ова ВМРО-ДПМНЕ, во ваква кондиција, со ваква слаба опозиција, ќе биде апсолутен победник. Со мнозинство од повеќе од 60 пратеници“ соопштија од коалицијата ВРЕДИ.
Од таму велат „Се додека во парламентарните комбинации нема двотретинско мнозинство без пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, опозицијата СДСМ и ДУИ нема право лажно да плаче за ЕУ перспективите. Малку му беше на ДУИ што меѓу другото и заради нивното криминално поведение во Владата на СДСМ, на минатите парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ од опозиција победи со 58 пратеници, сега и кога се во опозиција со лажните и манипулативни наративи за наводна де албанизација уште повеќе ги зајакнува“.
– Advertisements –
„Албанците не се наивни да веруваат во лагите на ДУИ. Тие бараат предвремени парламентарни избори за да издејствуваат „Пржинска Влада”, во која министер за внатрешни ќе даде нивниот политички контролор СДСМ. Ахмети во тој период од 100 дена гледа шанса да ги уништи доказите за корупција за неговите поранешни функционери. Ако нема предвремени парламентарни избори ДУИ не сака да оди само на локални избори. Зошто? Затоа што 22 години одеа на избори од позиција на власт, со злоупотреби на МВР, со уцени на вработени во администрација, купуваа гласови со народни пари, полнеа гласачки кутии, ја фалсификуваа волјата на гласачите. Сега се уплашени. Коалицијата ВРЕДИ ќе ги победи на слободни, фер и демократски локални избори. Граѓаните ќе ги вратат во реалноста. Конечно, ќе се соочат со за нив многу суровата реалност. Без програмска и кадровска реформа нема што да бараат од гласачите!“ е ставот на ВРЕДИ