„Вртеше две бомби во рацете. Го излажев убиецот дека сум бремена, така се спасив“ – исповед на девојката од таксито која се спаси од Урош Блажиќ
На 4 мај, околу 23 часот, во близина на наплатната рампа Мали Пожаревац, Урош Блажиќ налета на таксито во кое бев, седна на задното седиште до мене и му рече на таксистот: „Вози, имам бомба, убив луѓе!” Се исплашив, па му кажав дека сум трудна, за да ме можеби ме поштеди…

Ова меѓудругото го кажала на сослушувањето девојката Ј.А.(19) од Смедерево, која Урош Блажиќ ја киднапирал и два часа ја држел откако претходно уби осум млади луѓе во селата Мало Орашје и Дубона кај Младеновац.
Преплашената девојка детално ги опишала трауматичните настани кои се случиле ноќта меѓу 4 и 5 мај во обвинителството.
„Таа рече дека на 4 мај се договорила со нејзиниот вереник да се качи со такси од Смедерево до неговата куќа во селото Богдановица кај Уб. Таксистот нешто пред 23 часот дошол да ја земе со „форд фокус“, па таа седнала на задното седиште, зад совозачкото седиште и се упатиле кон Уб. Возеле речиси половина час до исклучувањето на автопатот, кон рампата во Мали Пожаревац“ – изјавил извор на „Блиц“, близок до истрагата.
На рампата, според Ј.А., пред нивното имало други две возила, а позади немало автомобил.
Според информациите, откако таксистот, девојката и Урош Блажиќ тргнале, по негова наредба се исклучиле од главниот пат за да избегнат полициски блокади.Девојката не можела да прецизира по кои патишта се возеле, но, колку што се сеќава, станувало збор за селски патишта.
„Возејќи, Урош нервозно ја вртеше бомбата во раката. Од време на време вадеше и друга бомба од чантата. Возеле така, според зборовите на Ј.А., околу два часа, а таа размислувала само да излезе жива. Во текот на возењето неколкупати и заѕвонил мобилниот телефон, и се јавил вереникот, но не смеела да му одговори“ – раскажал неименуван извор.
…






