Второ реми на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампиони

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ремизираа вечера во Битола во дуелот со данскиот тим Фредериција, одигрувајќи 29-29 во рамки на 8 коло во групата А во Лигата на шампиони.

Со вечерашното реми и четвртиот освоен бод, актуелниот македонскиот првак остана на шестото место на табелата кое носи пласман во нокаут фазата во елитното клупско натпреварување.

Еурофарм Пелистер од самиот почеток на дуелот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола беше во резултатска негатива која на полувремето изнесуваше 13-16, но многу поангажирано го отвори вториот дел и откако во 45 минута го израмни резултатот (22-22), две минути подоцна капитенот Филип Кузмановски му донесе и прво водство на битолскиот тим (24-23).

Натпреварот влезе резултатски израмнет во последната минута (29-29), но Еурофарм Пелистер не успеа да го реализира завршниот напад и со тоа втор пат за три недели да го совлада данскиот вицепрвак.

Богдан Радивојевиќ со седум и Кузмановски со пет голови беа најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер, додека голманот Никола Митревски запиша пет одбрани.

Во следното 9 коло ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе му гостуваат на лидерот на табелата Веспрем на 28 оовој месец.

 

Back to top button
Close