Вучиќ ја предложи Ана Брнабиќ за мандатар на новата влада, Дачиќ вицепремиер и координатор на безбедоносните служби

Српскиот претседатал Александар Вучиќ согласно уставните овластувања во обраќањето до јавноста денес ја предложи Ана Брнабиќ за нов манадатар на српката влада, Ивица Дачиќ за вицепремиер и координатор на безбедоносните служби, како и Синиша Мали и Милош Вучелиќ на вицепремеирски места, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ изјави дека Ана Брнабиќ нема да биде премиер четири години, како и дека мандатот ќе и биде пократок и дека во 2024 година ќе има промени во Владата.

-Многу е важно таа да остане премиер за да можеме да продолжиме и посветено да работиме на решавање на проблемите на есен и оваа зима годинава. Важно е некој кој е искусен и во кој имам доверба да може да го направи тоа во овој момент, рече тој.

Вучиќ рече и дека Милош Вучевиќ ќе биде „многу важен член на новата влада”, како што рече, „секако потпретседател”.

-Дачиќ ќе има уште позначајна улога и функција во државниот апарат на Србија. Тоа ја покажува довербата што ја имам. Дачиќ, покрај важната министерска функција, ќе ја има и функцијата координатор на безбедносните служби. (Синиша) Мали, во кој имаме доверба, ќе биде еден од потпретседателите, нагласи Вучиќ и додаде дека ќе има многу промени во Владата.

Back to top button
Close