Вучиќ: Го спасивме образот пред Русија. Ќе имаме уште подобро односи
Српскиот претседател Александар Вучиќ при посетата на Руската куќа во Белград изјави денеска дека односите меѓу Србија и Русија се „многу добри, но дека секогаш може повеќе“.

„Убеден сум дека во иднина ќе имаме сила да изградиме уште подобри односи“, напиша Вучиќ во книгата на впечатоци.
Во тешки услови успеавме да не го погазиме својот образ, рече Вучиќ, посочувајќи дека Србите и Русите имаат „традиционално пријателство и братство“.





