Вучиќ: Господ да ме праша “Што им згрешивте на Бугарите”, нема да знам да објаснам
Амбасадорите на пет земји-членки на ЕУ вчера гласаа против отворање на Кластерот 3, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека Унгарија ќе закаже нова средба за следната недела и дека во тоа нема сомнеж.
На вчерашната седница против беа Шведска, Финска и Холандија, како и Хрватска и Бугарија.
„Да ме праша Господ што им згрешивме на Бугарите, немаше да знаел да го објаснам. Изгледа разбирам кои се вистинските причини, иако никогаш нема да ги слушнеме. А за Хрватите се’ ми е јасно, немам проблем да сфатам. За нас има две важни вести – да продолжиме да се бориме и да разговараме со сите нив“, вели Вучиќ.