Вучиќ му честиташе на Милатовиќ: Во Србија секогаш ќе имате доверлив партнер

Српскиот претседател Александар Вучиќ му честиташе на Јаков Милатовиќ за изборот за нов претседател на Црна Гора, соопшти неговиот кабинет.

„Ви честитам на победата на претседателските избори, со убедување дека ќе покажете цврста волја да им обезбедите на граѓаните на Црна Гора живот во мир и напредок“,се наведува во честитката на Вучиќ.

Според информациите, Вучиќ му порачал на Милатовиќ дека во Србија секогаш ќе има доверлив партнер во развојот на политичкиот дијалог и зајакнувањето на економската соработка меѓу двете земји, како и солидна поддршка за мирен и стабилен Балкан.

Да потсетиме, Јаков Милатовиќ, кандидат за претседател на движењето Европа сега, вчера убедливо го победи кандидатот на ДПС Мило Ѓукановиќ во вториот круг од претседателските избори во Црна Гора.

Така Милатовиќ стана човекот кој стави крај на тридецениското владеење на Ѓукановиќ.

Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ ги коментираше резултатите од претседателските избори во Црна Гора, по што му честиташе на новоизбраниот претседател Јаков Милатовиќ.

„Му честитам на Јаков Милатовиќ за неговиот избор за прв европски претседател во историјата на Црна Гора. Мисијата заврши. На Црна Гора ѝ претстои светла иднина. Ќе работиме заедно за европска, граѓанска и еколошка држава“,напиша Абазовиќ на Твитер.

Абазовиќ му честиташе на Милатовиќ: Црна Гора слави победа, мисијата е завршена

Back to top button
Close