Вучиќ: Во 1999-та Америка побарала од Унгарија да ја нападне Србија по копно

Во 1999 година Америка побарала од Унгарија да ја нападне Србија по копно.

-Вие не го знаевте ова. Во 1999 година Унгарија требаше да ја нападне Србија по копно, Орбан ми го потврди тоа, рече српскиот претседател Александар Вучиќ.

Според неговите кажувања, германскиот канцелар Герхард Шредер му помогнал на Орбан да се спротивстави на притисокот, а Маргарет Тачер му рекла дека повеќе британски војници ќе загинат поради одлуката на Орбан.

Франција и Германија нуделе опција Србија да добие брз влез во ЕУ, но да дозволи Косово да влезе во меѓународните организации и во ОН.

Back to top button
Close