Вучиќ за Извештајот на ЕК со оценка дека Србија има само едно назадување, за санкциите кон Русија

Претседателот Александар Вучиќ по предавањето на Годишниот извештај на ЕК за Србија на прес конференција изјави дека тој во голема мерка е задоволен од напишаното и суштината во најголем дел се однесува на односот кон санкциите на Руската федерација, јави допсиникот на МИА од Белград.
-Ова е политичко прашање и ЕК е во право, денес усогласеноста на Србија со надворешната политика на ЕУ изнесува 45,03 отсто, што значи дека сепак за нешто сме гласале, но не и за Русија. Што да правиме кога тие секој ден излегуваат со резолуции и декларации само против Руската федерација. Ги разбираме ние нив, но за ниту една декларација немаме гласано. Им пренеов дека со голема сериозност и одговорност ќе ги земеме во предвид нивните ставови и предлози за ова прашање, изјави Вучиќ.
Според Вучиќ овој политички извештај го има обоено целиот извештај, оценувајќи дека „ова е единствен дел во кој Србија назадува на европскиот пат, а тоа се санкциите кон Русија и усогласеноста со надворешната политика на ЕУ, што е точно заради политичката одлука на Србија заради која таа плаќа консеквенци”.
Вучиќ кажа да ЕК констатовала дека Србија е подготвена да го отвори кластерот 3 и да севкупно гледано извештајот на ЕК овозможува заедно со Брисел продолжување на работата на полето на реформите.
Српскиот претседател оцени и дека во извештајот е нотирано дека Србија гради добрососедски односи со сите, освен со Хрватска кои се затегнати, но и дека со некои соседи има најдобри односи во поновата историја на Србија.
Во поглед на дијалогот со Косово, Вучиќ кажа дека во извештајот Србија е „нешто подобро или нешто малку полошо оценета”, додавајќи дека на Србија и претстои тежок пат и да нема да има добри вести по ова прашање.






