Вучиќ за „Рибникар“: Странска држава побара да им го предадеме малолетниот убиец ден подоцна
Српскиот претседател Александар Вучиќ во утринската програма на ТВ Пинк зборуваше за масакрот во Цетиње и за масовнoто убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“.
Вучиќ вели дека странска држава побарала да им се предаде малолетниот убиец само еден ден подоцна.
„Тоа не ми е доволен доказ (дека странски служби се вмешани во масовното убиство), но велам – тоа се случи точно ден потоа. ‘Не можете да се грижите за тоа дете. Мора да има некаков живот, дајте ни го’. Одбив, бидејќи знам каква неправда ќе биде тоа за семејствата на убиените деца. Директно претставник на странска земја и една странска служба го побараа тоа од мене“, рече Вучиќ.