*WAP* на најјако

WAP или “Wet ass pussy” e песната на која најверојатно последно имавте настап по дома или пак го бинџавте спотот во кој Cardi B и Megan Thee Stallion очигледно уживаат рапувајќи го експлицитиот текст, облечени од глава до пети во сите можни варијатни на животински принт. Спотот беше прегледан 26, 6 милиони пати на YouTube, правејќи историја во доменот на женски музички соработки.

Ако не спаѓате во групата на луѓе што паѓаат на ваков тип на песни и треш естетка, тогаш веројатно сте ја слушнале оваа песна на некоја топ-листа на радио. Или можеби не?

Многу радио станици низ светот решаваат да не ја пуштаат „контроверзната“ песна, а нашата земја не заостанува зад тој тренд. Конзервативците како Бен Шапиро ја мразат песнава од дното на своја душа, некои религиозни фанатици советуваат капнување на света вода во уши по преслушување, заштитниците на добриот и високиот вкус велат дека песната е едноставно лоша и кич, а наводно Carolе Baskin од Tiger King го осудува користењето на диви мачки во спотот.

Лично, не сметам дека WAP е врно музичко дело (иако не можам да престанам да се движам кога и да ја слушам), ниту дека е пионир во славењето на женката сексуалност во поп и рап музика (за тоа повеќе би ја прејзнала Миси), но секако им симнувам капа на Карди и Меган за бескомпромисната презентација, преземањето на класични објективизирачки наративи во свои раце, и генерално општо газење во музичката индустрија. Секако, откако ми беше посочен фактот дека песнава на некој начин се цензурира од страна на популарни радио станици, WAP ми стана уште поинтересна и подрага.

WAP е приказна за една жена (секоја жена?) која многу, многу го сака сексот и преку мошне креативни метафори, компарации и хиперболи ја слави своја влажна вагина. Дали текстот е експлицитен? Да. Дали тоа е доста нормална појава во рап и хип-хоп музиката? Дупло да. Хипокритичната осуда која ја добива оваа песна прелесно нè наведува кон заклучокот дека се работи за дупли стандарди, односно дека вистинскиот проблем не е експлицитниот текст, туку експлицитниот текст кој излегува од уста на жена и тоа уста која зборува за ништо друго освен сопственото сексуално задоволство. Раперките успеаваат да ги искористат опресивните коментари кои се користат против нив (You think I’m a whore? Watch this), а потоа ги дисекцираат во кратки секс-позитивни фрази и „реупотребуваат“ во своја полза. (Кога зборот „курва“ веќе не е навреда, тогаш како ќе продолжи контролата и дисциплирањето на женските тела?).

Тоа го прават толку добро, што буквално го бришат подот со сите кои мислат дека има нешто безобразно и забрането во врска со вагиналната лубрикација, која е најприроден одговор на сексуална возбуда. Опасен терен? Реакциите велат да.

Антена 5 Радио е една од радио станиците кои се приклучува на бранот на „отфрлање“ на оваа песна од своите листи под изговорот за етички стандарди и добар вкус; односно бидејќи песната не се вклопува во нивните програмски определби. Fair enough. Но, веќе кога зборуваме за добар вкус и вулгарности , она што е интересно е што овој тип на популарни радио станици (и конкретно оваа радио станица) не наоѓаат ништо проблематично во слични песни од машки изведувачи, како на пример Swalla од Jason Derulo, каде се опејува голтање на сперма при орален секс, или пак, песните Whisle од Flo Rida или Candy Shop од 50 Cent (не мора да навлегувам во нивните стихови кои се еднакво експлицитни колку и WAP). Верувам дека листата на рап песни од машки изведувачи кои имаат сексуални референци и најчесто го објективизираат женското тело и сексуалност, а притоа биле пуштани на радио е ужасно долга, па ова е само еден мал и симпатичен потсетник на некои од нив.

Дуплите стандарди се толку провидни и очигледни, што станува досадно да се пишува за нив. Меѓутоа, овој пример толку гласно зборува за постоечкиот проблем со жени кои на ниеден начин не се вклопуваат во однапред зададените идентитетски кутии, што човек не може да остане без коментар. Може да бидеш позната раперка ако рапуваш за штикли. Ако го користиш и преработиш јазикот кој цел живот се користи против тебе, е, тогаш имаме проблем и не те пуштаме на радио. За наша среќа, Cardi couldn’t care less.

Настрана овој очигледен аргумент, постојат и други перспективи кои треба да нè натераат да ја слушаме WAP на најјако. Колку пати сте биле притиснати кон пенетративен секс пребрзо? Верувам многу пати. Имање “секс на суво“, за жал, е многу честа пракса со оглед на тоа што на многу жени им е потребно повеќе време за достигнување на потребната влажност за пенетрацијата да биде пријатно искуство за сите партнери. Она што го прави оваа песна е практично ставање на влажната вагина на пиедестал. И со право. Сексуалните искуства не треба да биде суви и болни (освен кога болката не е консензуален дел од сексот), туку телата треба да се соодветно подготвени. Кај жените, таа подготвеност подразбира одреден степен на природна лубрикација, или во други случаи користење на лубрикант.

Она што дополнително е проблематично во цензурирањето на WAP е и историската позадина на патријархалните митови поврзани со конкретната тема. Вагиналната влажност, особено за време на секс, долги години била неосновано сметана како знак за претходна сексуална активност, со импликација на промискуитентност.

Ваквите и други псеудо-медицински верувања се одржуваат во живот и ден денеска, па не ни треба да нè чуди што денес повеќе од било кога таканаречените женски хигиенски пракси и продукти кои сувоста на вагината (која се уште се поврзува со девственост), грешно ја поврзуваат со чистота, се попопуларни од било кога.

Баш поради овие причини генекологот Џен Хантер вели дека била пресреќна кога ја слушнала WAP. Таа вели дека еден од митовите со кои се бори секојдневно е идејата дека има нешто проблематично или грешно со женската лубрикација. Стравот од влажната вагина, вели таа, преминува култури, религии, земји и временски доби, а стигмата е толку силна, што бројот на жени кои мислат дека нешто не е во ред со нивната вагина поради „количината„ на лубрикација која ја произведува воопшто не е за потценување.

Од оваа перспектива, за многу луѓе (меѓу кои и докторката Џен), песната WAP е многу повеќе од рандом хит, туку е нова културна референца за еден многу нормален телесен процес (без кој практично сексот за жената е невозможен и/или болен процес), кој сè уште се дожувува како проблематичен, срамен или безобразен. Песната секако нема да ја занемари потребата од сексуално обрзование или ќе ја намали продажбата на продукти кои предизвикуваат вагинална сувост, но ако ништо друго, барем пораката дека вагиналната влажност е супер работа ќе стигне до илјадници и илјадници жени.

Очигледно и за оние на другата страна ова не е само рандом хит, туку е поле за мерење гениталии (пробувам да не бидам вулгарна). Нападите против Карди и Меган иако се класични и очекувани, повторно го потврдуваат општествениот став и страв од жена која својата сексуалност ја држи цврсто во сопствените раце. Тоа во што јас искрeно уживам, е што не постои ниту една сексистичка навреда која овие раперки не можат да ја земат, разобличат и искористат против оние од кои доаѓа, и искрено, едвај чекам да го направат баш тоа во следниот хит.

Калиа Димитрова

извор:МЕдуза

Back to top button
Close