За да ослабнете обезбедете му на телото точно тоа што му е потребно!

По успехот на Балканот и Русија, липосукциската исхрана е хит во Словенија.

Губењето 10 килограми за две недели не само што звучи невозможно, туку и го поставува прашањето, дали е здраво? Сепак, постои брза диетoтерапија за која авторот тврди дека е различна од останатите. Кенан Мандра тежел повеќе од 120 килограми во моментот на својата одлука за слабеење, па затоа ја дизајнирал својата програма за слабеење и успеал за загуби 40 килограми за два месеци!

„Мојата идеја беше да му го обезбедам на телото само она што му е потребно – енергија и здрава храна, а да се ослободам од сè што е излишно. Ги применив минималните енергетски и нутритивни потреби за телото од препораките на Европскиот орган за безбедност на храна EFSA и вклучив аминокиселини и растителни влакна за да не чувствувам глад“, вели нутриционистот Мандра и додава: „Почнав да губам по килограм дневно додека уживав во риба, зеленчук, маслиново масло и сè што припаѓа на оригиналната медитеранска исхрана. На југот на Италија се наоѓа селото Пиопи, каде што луѓето живеат над 100 години. Ја зедов нивната исхрана и ја дизајнирав во еден протокол што дава одлични резултати. Оваа диета ја нареков липосукциска исхрана“. 

Овој режим за слабеење брзо се прошири низ поранешните југословенски републики, но и во Русија, и подалеку, бидејќи сите сакаа брзи резултати. Диетата ја тестираа и неколку холивудски актерки, како и поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, на која лично и помогна Мандра да го загуби вишок килограми за само еден месец. 

Принципот на липосукциската исхрана е да го принуди телото да се храни со сопствените масти. Затоа, било потребно клиничко испитување за да се утврди колку е безбеден овој метод за здравјето. Резултатите од испитувањето објаснуваат дека „без храна можеме да издржиме до неколку недели. А дека овој режим пак, бара од нас да бидеме без храна само дел од денот, а во тој дел од денот се земаат амино киселини и растителни влакна, како суплементи, за да не бидете воопшто гладни и вашето тело да добие сè што му е потребно“. Липосукциската исхрана беше клинички тестирана и на Институтот за биотехнолошки истражувања, во Клиниката за третман на дебелина и заболувања од исхрана во Москва, Русија, каде што пациентите во просек изгубиле од 5 до 11 килограми за 14 дена, или покажале просечно загуба на маснотии од 9,2%. Клиниката потврди дека оваа диетотерапија е целосно безбедна за здравјето и дека дава брзи резултати. 

Диетите за брзо губење на тежината се подобри од класичните, а брзите резултати значат и подобра мотивација за оној кој ги применува, сметаат експерти од Универзитетот Оксфорд. Професорката за исхрана и јавно здравје, Сузан Џеб од Универзитетот Оксфорд, спроведе клиничка студија за програма за слабеење, користејќи амино киселини и растителни влакна. „Би- би- си“ ја следеше групата луѓе кои ја применуваа оваа диета и резултатите беа неверојатни. Студијата покажа дека луѓето кои брзо ослабнале биле помотивирани и поподготвени да јадат долгорочно здрава храна отколку оние кои биле на класична диета. „Ваквите диети порано не беа нутриционистички правилно оформени, па затоа беа цел на критики“, тврди проф. Сузан Џеб од Универзитетот Оксфорд.

По успехот на Балканот, липосукциската исхрана веќе стана хит и во Словенија. Многу луѓе се здебелија за време на пандемијата поради намалено движење и стрес, а сега сакаат на брз и едноставен начин да се ослободат од килограмите, велат од Интернешнал Хелт, каде што е достапен протоколот на липосукциска исхрана. Сè поголем број луѓе сакаат брзи резултати, не сакаат да гладуваат со месеци и да чекаат долго за да дојдат до посакуваната телесна форма. Липосукциската исхрана е нутритивно комплетна, лесна за употреба, а ефикасноста и безбедноста се клинички докажани. 

Закажете бесплатен совет и консултација во „Липо диет“ центарот на „International Health“ – Скопје (на улица „Димитрие Чуповски“ број 22, спроти поранешен „Мекдоналдс“) или јавете се на
телефоните 02 3151714, 070 535033. Протоколот за слабеење може да го нарачате и на домашна адреса.

Back to top button
Close