За двомесечниот полициски час во Тетово 168 кривични пријави против 229 сторители

 Од 22 март до 27 мај додека траеше владината одлука за ограничено движење Секторот за внатрешни работи Тетово изготвил вкупно 168 кривични пријави против 229 сторители и 41 писмено известување.

-Кривичните пријави се поднесени за луѓето со кои се сомничат дека сториле кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“-167 или кривично дело „пренесување заразна болест“ според членовите 205 и 206 Крвичниот законик“, истакна Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во изминатиот 24 часовен период за неносеање заштитни маски на вкупно 113 луѓе изготвeни им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за периодот (27/28.05), нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат изготвени им се на 10 лица додека вкупно биле контролирани 170 лица со вакви решенија. Изјави за самоизолација потпишале вкупно 5 лица, а контролирани биле 15 лица со потпишани изјави за самоизолација.

Back to top button
Close