„За историјата ќе има разбирање ако секој ги погледне своите грешки“.

Денко Малески

In memoriam

Ивајло Дичев

(1955-2023)

 

„Нашиот проблем не се историските факти туку идентитетите изградени во текот на 20. век. Моја почит кон научниците кои изнесуваат архивски документи и сведоштва, но овие работи се важни за нивната наука, не за сегашноста“.

„Кражба на историјата“ е смешен израз: историјата се случила и сегашната политичка воља на еден или друг владетел не може да ја смени, како впрочем мислеа во време на комунизмаот кога и тука и таму Централните комитети одлучуваа за историските факти.Оној што не ја знае историјата не е крадец, туку е неук. А идентификацијата е нешто сосема друго … Затоа живата современа култура е патот за зближување со нашите соседи, а не фактите предложени од некакави експерти“.

„Се се врти околу проклетатат историја која на Балканите умешно ја користат за балканизација, т.е. фрагментирање, спротиставување на народите едни против други.Да се користат противречностите во историската комисија, за сопирање на патот кон ЕУ на Македонија е нечесно.Од огромниот архив на минатото може да се извадат секакви случки со кои би се поткрепиле  тезите на едните или на другите.Но, поважно е да имаме морална одговорност кон сегашноста. Темата за сопственоста врза Гоче Делчев ми се гледа апсурдна; таа покажува непознавање помеѓу традиционалниот етнос и модерната нација.Притоа и двете страни го почитуваат и го чевствуваат заедно. Како по ѓаволите политичарите успеаја да го претворат токму него во повод за поделби и омраза?

„Потребна е комисија за истражување на тоталитарното наследство од 20.век – бугарската окупација на Македонија од профашистичкиот режим и комунистичката диктатура од комунистичкиот режим во југословенската република. Тука и двете страни треба да соберат сили да ги осознаат историските вини и да почнат да си ги зближуваат приказните…Сериозниот исчекор во тој поглед е секој да тргне од сопствената вина а не да го посочува другиот со прст…Тоталитарните трауми се вистински важното кое не одбележува; старата историја претставува повеќе научен интерес  и таму нештата на еден или друг начин ќе си дојдат на своето“.

(Фрагменти од колумните на Ивајло Дичев)

Back to top button
Close