За неколку часа казнети 189 пешаци

Од МВР информираат дека биле извршени засилени контроли за прекршоци сторени од пешаци, при што биле констатирани 189 прекршоци.

-На 02.09.2026 година, во периодот од 10:00 до 15:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола насочена кон прекршоци сторени од пешаци. При спроведената контрола, констатирани се вкупно 189 прекршоци. Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Штип – 57, СВР Битола и СВР Струмица по 32 и СВР Тетово со 27 прекршоци.

Од вкупниот број констатирани прекршоци, 159 се однесуваат на небезбедно преминување на улица, односно преминување надвор од обележан пешачки премин или на место кое не е предвидено за преминување на пешаци. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Back to top button
Close