За полот и за родот

Кога првпат го видов плакатот со повик за протести на 29 јуни (четврток) против донесувањето на законот за родова еднаквост и измените во законот за матична евиденција, помислив дека се работи за – лажна вест!

Не само што звучеше гротескно дека како организатор на протестот се јавува Македонската православна црква – Охридска архиепископија, туку на плакатот како место на собирање се наведува – Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“!

(…)

Еве, да кажеме дека ми е јасно зошто Црквата се буни против родовата еднаквост. Со оглед на фактот дека Црквата признава само два рода (машки и женски), овој бунт секако се однесува против изедначувањето на правата на жените и мажите. Мажите, се разбира, ги имаат правата, ама тие не се достапни за женскиот род.

Како е можно нашите црковни веледостојници да не го знаат името на Соборниот храм, да не кажам на нивниот патрон?

Безброј пати им ги имам прочитано и слушнато ставовите за тоа каде е местото на жената во општеството, во бракот, во животот… Дека Бог одредил дека таа е грешница, дека е направена од машко ребро и дека треба да биде покорна, да трпи итн.

Бунтот против измените во законот за матична евиденција, всушност главниот таргет на протестот, е малку покомплицирана работа. Колку што успеав да разберам, главниот гнев е насочен кон предвидената можност, човек сам да си го одреди својот род и така да биде заведен во матичната евиденција.

Ако ги оставам настрана баналните прашања од типот: кој е тој орган што е меродавен да го одреди мојот род, па макар било тоа и во името на Бога; или зошто мене да не ми се дозволи да се осознаам самиот, туку тоа треба во мое име да го прави некој друг; тогаш можам да заклучам дека во случајов станува збор за ординарно непознавање, односно нераспознавање на разликата меѓу термините „пол“ и „род“.

Можам јас тука да цитирам бројни дефиниции од бројни учени луѓе, ама сѐ нешто си мислам дека ќе биде залудно. Но, да се обидеме поедноставно да објасниме: „машки пол“ и „машки род“ не е исто. Како што впрочем не е исто ниту „женски пол“ и „женски род“. На пример, родовите улоги или шаблони на однесување на мажите и жените на Запад не се исти со оние на мажите и жените од сахарските племиња. Еве, уште попросто: пол е она што го имате меѓу нозете, а род е она што го имате меѓу ушите.

Во таа смисла, поучна е приказната на несреќниот Дејвид Рејмер, славното момче што го воспитуваа како девојче. Приказната е прилично долга, мачна и потресна за овој формат текст, па кој е заинтересиран може да ја провери на Википедија, под одредницата David Reimer.

Накусо, станува збор за човек кому уште како бебе, по една несреќна хируршка интервенција, практично му е спален половиот орган. Очајните родители во еден момент ги прифаќаат советите на фамозниот психолог Џон Мани, чија основна теза е дека родот не е одреден со раѓањето, туку со општествениот однос кон поединецот, односно дали детето се облекува во розово или сино, или дали си игра со барбики или со автомобили.

Уште на неполни две години, на детето му е направена хируршка промена на полот. Дејвид под името Бренда расте и се воспитува како девојче. Сѐ до неговите адолесцентни години, кога сфаќа, односно се чувствува како – машко. По низа операции, повторно си го враќа полот. Како последица на депресии и практично разорено семејство, се самоубива на неполни 40 години.

Колумната на Ѕвездан Георгиевски во целост прочитајте ја тука

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close