За поставените бомби во скопските училишта барале 15.000 евра

Седум скопски училишта утрово добиле дојави за поставени бомби. Според првичните и се уште неофицијални информации, во денешните пораки испратени на и-меил за прв пат бил побаран и откуп.
Според информации кои ги пренесе порталот Прес24 училиштата добиле идентичен меил во кој им се бара да платат 15.000 евра, но нема насоки како би се извришло плаќањето.
Дојавувачите наводно прецизирале дека бомбите кои ги имаат поставено нема да ги оштетат училишните згради но дека ќе има многу жртви.

Проблемот со дојавите за бомби во средните скопски училишта трае веќе подолг период и веќе сериозно ја нарушува наставата на учениците, кои практично 2 пати неделно мора да ги напуштат објектите поради евакуацијата која што ја врши полицијата.
За среќа, сите дојави се лажни, но полицијата сепак мора да ги изврши потребните проверки.

Back to top button
Close