За субвенции за инвертери во Скопје поднесени 1656 пријави
На јавниот повик на Град Скопје за субвенции за инвертери поднесени се 1656 пријави со што се исцрпени средствата предвидени за оваа мерка, соопштија од градот.
Во текот на наредните денови Градот Скопје ќе ги обработува пристигнатите барања за субвенции и ако се утврди дека не се исцрпени сите средства предвидени за оваа намена, постои можност повикот да се продолжи, за што јавноста ќе биде навреме информирана.
Јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 1 јануари 2021 година, до завршувањето на повикот на 1 ноември 2021 години или до денот на исцрпување на средствата. На овој повик граѓаните аплицираа онлајн.
Според условите во повикот, на граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер клима уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ.