За викендот облачно со дожд, грмежи и ветер
10.11.2023 13:00
262 Читање помалку од 1м
Од денеска попладне до понеделник претпладне под влијание на влажен бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 35 л/м2). Утре локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи, соопшти УХМР.

Денеска, а особено утре ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец (над 70км/час).
Во Скопје до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, особено денес во текот на ноќта и утре претпладне, како и во ноќните часови кон понеделник. Денеска и утре ќе дува засилен ветер од јужен правец.






