За време на нередите во САД уапсени над 7.200 луѓе

) – Повеќе од 7.200 луѓе беа уапсени за време на немирите што се случија во 43 американски градови минатиот викенд.

Според Би Би Си, уапсените биле, меѓу другото, и обвинети за провални кражба, подметнување пожар, тешки физички напади и учество во немири.

Апсењата се случија откако протестите против полициската бруталност кон Афроамериканците се проширија низ целата земја, а многу од тие демонстрации се претворија во насилство, со случаи на вандализам, подметнување пожари и грабежи.

Собирајќи се и покрај полицискиот час, демонстрантите се судрија со полицијата во Вашингтон, Њујорк, Лос Анџелес, Сан Франциско и други градови, а полицијата пукаше солзавец кон нив, по што беа обвинети за употреба на прекумерна сила.

Back to top button
Close