Забрчанец: СДСМ можеше да оди со величање на лидерот, но одбра демократизација

 

При ваква внатрепартиска „доминација“ на Зоран Заев, СДСМ можеше и поинаку, но одлучи да вложува, наместо да печали партиски и лидерски поени, вели Марјан Забрчанец, национален координатор за комуникации на Владата.

„СДСМ можеше да оди и без избори на кутија, и без ажурирање на членството, и без дигитализација, и без нови политики. СДСМ можеше да оди стандардно и конзервативно, со величање на лидерот, со покажување на неговата моќ и големина и со сѐ што гледавме изминатите 20 и кусур години наназад. СДСМ можеше и да измислува и фејка и втор и трет кандидат. Но, наместо да користи партиски од неприкосновеното лидерство на Заев, СДСМ одлучи да вложи во демократизација на партиските навики во земјава. СДСМ одлучи изборот да биде за или против Заев наместо да нуди заокружување на единствениот како единствена опција“, напиша Забрчанец на фејсбук.

Тој додава дека не е член на СДСМ, но, како што истакнува, ги поддржува демократските процеси во партијата и ќе иницира СДСМ да го објави јавно моделот за организација на ваквите избори.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close