Заев: Ја имаме првата блокада од Бугарија, го прекрши членот два од Договорот. Но, се уште време за решение

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција на увидот на магестралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар изјави дека денеска ја имаме првата блокада од Бугарија во евроинтеграциите.

-Ја имаме првата блокада од Бугарија. Денеска е прекршен тој член, ние ништо до сега не прекршивме. Ова е прво непријатно чувство.Треба да бидеме паметни и да го решиме спорот на пријателски начин. Денеска е испратена не така пријателска порака од соседна Бугарија дека првиот чекор е блокиран. Членот два од Договорот за добрососедство вели дека Бугарија треба да не поддржува кон патот за интеграција, изјави Заев.

Back to top button
Close