Заев – Јас го разбирам и почитувам Ахмети но тој знае кој носеше храбри одлуки

Вечерва на интервју на тв Алсат Лидерот на СДСМ Зоран Заев доби прашање за изјавата на Ахмети дека тој го донел Заев на премиерската функција и дека нема по овие избори да биде на таа позиција Заев заобиколувајки директенн договор рече дека тој и Ахмети во овие 3 години владини коалиционери зборувале многу меѓу себе и нема работа тоа да го прераскажува но рече дека Ахмети многу добро знае кој носеше храбри одлуки без да мисли на сопствениот рејтинг. Не мислам само на договорот од Преспа и договорот со Бугарија, туку ние се тие кои промовиравме и искрено мислиме дека Македонија ке биде општество еднакво за сите граѓани . Па ајде нека кажат од ДУИ што тие помислиле или направиле за другите етникуми во државава освен за нивниот етникум. СДСМ има и министри и градоначалници и партиски функционери албанци, и немаме воопшто предрасуди,растоварени сме од тоа,рече Заев. Тој повтори дека мисли оти за ДУИ и за државата е добро да оди во опозиција.

 

Back to top button
Close