Заев: Јас не сум за полициски час

Премиерот Зоран Заев денеска го даде своето мислење во пресрет на очекуваните нови мерки кои Комисијата за заразни болести ќе ги даде за намалување на бројот на заразени од ковид 19.
– Јас не сум за целосен лок даун. Сметам дека тоа ќе влијае на економијата. Гледам дека граѓаните ги почитуваат мерките, еве и сега тука сите носиме маски. Ако Комисијата има предлози кои навистина ќе го намалат бројот на заболени, ние ќе ги прифатиме, ама нема да брзаме со полициски час,рече Заев.
Премиерот Зоран Заев, придружуван од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и генералниот директор на АД „Електрани на Северна Македонија” Васко Ковачевски извршија обиколка на претоварна станица во Скопје, каде се одложуваат стари печки и други нееколошки грејни тела.

Back to top button
Close