Заев: Денеска од Кинеското МНР очекуваме позитивен сигнал за вакцините
Ние го повлековме авансот за вакцините од Синофарм, парите се сега на сметката на министерството, чекаме од министерството за надворешни на Кина за дополнителни документи – изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција.

-Очекувам денеска да добиеме позитивен сигнал од Кина за вакцините, но не можеме да оставиме парите од авансот да лежат таму на сметката на Синофарм. Веднаш штом бидеме известени од министерство на Кина тие пари ќе ги уплатиме – рече премиерот Заев прашан што е со вакцините од Синофарм.
Тој истакна дека верува дека проблемот ке биде надминат и додаде дека очекува и најавените други 200 илјади кинески вакцини сепак земјата да ги добие.






