Заев ќе се обрати на Виенскиот економски форум

Премиерот Зоран Заев и годинава традиционално ќе се обрати на Виенскиот економски форум, кој е посветен на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан.

Како што информираат од владината прес-служба, премиерот Заев ќе се обрати преку видеоконференциска врска во два наврати и тоа со воведно обраќање по повод официјалниот почеток на Форумот, а ќе зборува и за условите и поддршката на странските инвеститори во земјава, како и за проектите со фокус на енергетиката, инфраструктурата и гасификацијата.

На Виенскиот економски форум воведни обраќања ќе имаат и еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји, словенечкиот премиер Јанез Јанша, извршниот директор на Групацијата А1 Телеком Австрија, Томас Арнолдер, како и Петар Умундум, претседател на Виенскиот економски форум.

Back to top button
Close