Заев: Еден дел од украдената марихуана завршил во Косово
Еден дел од марихуаната, од тоа што беше украдено во гевгелиско-валандовскиот регион веќе е откриен во областа на Арачиново, еден дел е во Косово. Се работи со службите за да се стигне до крај и да се изведат одговорните пред лицето на правдата, истакна денеска премиерот Зоран Заев, прв пат откривајќи детали за акцијата.
За разлика од МВР, кои апелираа на трпение за да се заврши истрагата, Заев потврди дека голем дел од околу 2 тони украдената марихуана, (преработена и спакувана) завршил надвор од границите на државата.