Заев: Македонската државност се темели на антифашизмот, но на фашистичката идеологија не треба да и се припишуваат етнички карактеристики

 

– Треба да се соочиме со прашањата од историјата и да најдеме капацитет за разбирање и  простување, вели Заев, додавајќи дека европските држави ги оставиле историските конфликти во минатото.- изјави премиерот Зоран Заев на денешниот прес по реакциите кои вчера ги предизвика неговот интервју за бугарски БГНЕС.

 

 

– Македонската државност се темели на антифашизмот. Нашата слобода е резултат на антифашизмот. Македонскиот народ ја оствари својата сувереност во АВНОЈ-ска Југославија и го оствари својот вековен идеал за своја држава со АСНОМ-ска Македонија. АСНОМ е историска потврда на нашиот македонски јазик и нашиот македонски идентитет.  Но на фашистичката идеологија не треба да и се припишуваат етнички карактеристики. Не е поглед кон иднината ако денеска зборувате за фашистичка Бугарија. Да си простиме и да подадеме рака, порача премиерот.

Според Заев, царска Бугарија во 41-вата година застанува на страна на фашистичкиот Троен пакт, но додаде дека никој не ги прашал Бугарите на референдум за став и не треба сите Бугари да се квалификуваат како фашисти. Тој дополни дека била создадена и т.н. „железна завеса“ меѓу Југославија и Бугарија која се чувствува и денеска.

Мотото на Заев во актуелниот историски спор со Бугарија е „Да не заборавиме, но да простиме“. Тој потсетува дека и во Македонија во периодот на Втората светска војна имало соработници на фашизмот, па тоа не го квалификува целиот народ како „фашистички“.

Заев потсети дека македонскиот идентитет и јазик не се тема на преговори и повика Бугарија да ја признае оваа, како што вели, македонска реалност.

Back to top button
Close