Заев не планира да користи апанажа. Се враќа во семејните фирми

Досегашниот премиер Зоран Заев ги поминува последните денови во премиерската вила на Водно, од каде што планира да се врати во родната Струмица, кога ќе биде избрана новата влада на неговиот наследник во СДСМ, Димитар Ковачевски.

Луѓе од потесното опкружување на Заев велат за „360 степени“ дека тој не планира да го искористи правото на апанажа, туку дека навестил враќање во семејните фирми во Струмица, каде што работеше пред да почне активно да се се занимава со политика, така што прво беше пратеник, па градоначалник, за во 2013 година да биде избран за лидер на СДСМ, а во 2017 година стана премиер.

Додека Заев ги троши последните премиерски денови и се водат последните преговори за составување на новата Влада, СДСМ е пред „реконструкција“ на најтесно раководство во кое, според најавите, нема да останат многумина од досегашните блиски соработници на доскорешниот лидер.

Back to top button
Close