Заев: Ние ги прифативме Бугарите како браќа, тие сега решија татковци да ни бидат

„Ги затопливме односите со Бугарија, го потпишавме договорот за добрососедство. Ги прифативме како братски народ, јас употребувам браќа, но за жал одеднаш тие решија место браќа да ни биле татковци. Тоа така не може, ние сме пријатели, соседи, блискоста ни е неопходна, но неприфатливо е ова што сега Бугарија го прави кон нас“, рече Заев.

Тој додаде дека ние продолжуваме со преговорите со Бугарија а тие ќе треба да прифатат и да почитуваат дека сме народ со сопствени корени и идентитет и сопствен македонски јазик.

Back to top button
Close