Заев по средбата со врвот на СДСМ: Членството во ЕУ сега се чини најдостижно

Имаме државничка одговорност да преземаме храбри и одлучни чекори, напиша поранешниот премиер Зоран Заев на Фејсбук

Заев уште порачува: Демократскиот блок не исклучува, тој здружува

Мораме да осигураме просперитет за македонските граѓани и извесна иднина за нашата држава, напиша поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, во објава на Фејсбук по средбата што ја имаше со врвот на СДСМ во партиското седиште.

 

(ФОТО) Ковачевски, Заев и Спасовски на иста маса: Поделениот СДСМ се обединува?

 

Тој вечерва беше на иста маса со премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, шефот на кабинетот на премиерот Мартин Попов, поранешниот пратеник и функционер на СДСМ, Игор Ивановски – Шема, и организацискиот секретар на партијата, Митко Трајчулески. Заев ги реобјави фотографиите кои претходно на својот фејсбук-профил ги постави премиерот Ковачевски.

Заев во објавата вели дека членството во ЕУ сега се чини најдостижно.

„На тој пат, ние социјалдемократите, имаме државничка одговорност да преземаме храбри и одлучни чекори. Демократскиот блок не исклучува, тој здружува. Тоа е единствената и проверена формула за нов македонски успех“додава поранешниот прв човек на СДСМ.

Средбата и објавите по неа се еден вид демант на информациите во јавноста дека учесниците на состанокот не се во добри меѓусебни односи.

Back to top button
Close