Заев: Вељаноски, Ристовски и Јанакиески не се организатори на 27 април, беа изманипулирани од Груевски

Според мои сознанија овие луѓе се изманипулирани од главниот организатор Никола Груевски. Ова го изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи како сведок на прашање од Судот во однос на конститутивната седница во Собранието од 27 април 2017 година.

– Сите верувам дека посакуваат да не се повтори и верувам дека една од гаранциите за тоа се ваквите судски постапки. Како човек жртва на тој настан, сметам дека бев прв таргет на група со цел да одзема животи. Не мислам дека главни осмислувачи и организатори се Миле Јанакиевски, Спиро Ристовски, Трајко Вељановски и другите тука, рече Заев.

Тој додаде дека според негови сознанија овие луѓе се изманипулирани од главниот организатор Никола Груевски.

– Не мислам дека се осмислувачи и организатори на тој настан. Мислам дека се изманипулирани од Никола Груевски. Ова го кажувам, затоа што бев секој ден во Собранието и знам што се случувало и не верувам дека е коректно вакво тешко дело, рече Заев.

Back to top button
Close