Загина работник. Му паднал дел од плочата од куќата
На 21.05.2021 20,15 часот во Полициска станица Гостивар од Итната медицинска помош било пријавено дека во с.Добри Дол,гостиварско во куќата сопственост на Ќ.С.(56), која била во фаза на реконструикција, констатирале смрт кај Р.А.(56) од с.Градец,гостиварско на кој, според пријавеното, при извршување градежни работи паднал дел од плочата од куќата. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.