Захарова: Западот се обидува да започне масовни протести во Србија

Западот се обидува да започне сценарио на масовни протести во Србија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

– Гледаме дека се користи сценариото на јавни протести во Србија и пошироко на Балканот за да се наметне волјата на Западот – изјави Захарова на прес-конференцијата, коментирајќи ги протестите по изборите во Србија.

Според неа, Западот е подготвен да организира масовни протести на Балканот, пренесе ТАСС.

– Ми се чини дека секој народ на која било земја треба да го брани својот суверенитет на сите нивоа – додаде Захарова.

 

Back to top button
Close