Заловените крави од Крива Паланка АХВ ги оставил да умираат од глад и во нехумани услови?

Не завршува приказната со познатите „крави од Крива Паланка“ кои веќе со години се проблем со кој државата никако да се справи. Откако 81 животно беа заловени во Крива Паланка од страна на Агенцијата за храна и ветеринсрство, како надлежен државен орган задолжен за хуман третман на животните, во јавноста беа споделени информации дека истите ќе бидат продадени. Но како би продале животни кои секој ден умираат?
– Државната институција која е задолжена да го контролира хуманиот третман на животните, во моментов врши свесно изгладнување до смрт на стотина запленети грла говеда. Наместо да бидат згрижени по одземањето, животните се оставени без храна и соодветна нега во кланицата во село Раклиш, Радовиш, вели извор на Инфомакс.
Според информациите кои ги добиле инфомах , дваесетина животни веќе угинале од глад и несоодветен третман.
Причина за смрт, неофицијално е екстремна неухранетост (изгладнување) и дехидрација. Преживеаните животни се во критична состојба.
До редакцијата биле испратени и фотографии на кои јасно се гледаат угинати животни во кал, екстремно слаби (коска и кожа) и во несоодветни хигиенски услови. Сликите се направени на терен во објектот каде АХВ ги депонирала животните, иако истите мораат да бидат третирани строго согласно законските одредби откако ќе угинат.
Повеќе на инфомах мк






