Запалениот автомобил е на обвинителот Џелал Бајрами
Еден од изгорените автомобили, кои ноќеска беа запалени во Куманово, е на обвинителот Џелал Бајрами.
Бајрами во 2016 година беше избран за обвинител во Републичкото јавно обвинителство. Тој претходно беше министер за труд и социјална политика и заменик-министер за внатрешни работи, од редовите на ДУИ.
За двата настана се огласија и од Обвинителството.
-Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увиди на локациите каде беа опожарени два автомобили и една деловна просторија. Преземени се сите дејствија и се испитуваат причините и евентуалните мотиви за опожарувањето. Прибрани се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а се врши увид и во снимки од камери за видео надзор, велат од Обвинителството.