Засилени безбедносни мерки пред погребот на Навални

Погребот на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални треба да се одржи денеска (1 март) на московските гробишта каде што е засилено обезбедувањето, како обид на властите да ги обесхрабрат луѓето да присуствуваат на погребот на долгогодишниот критичар на Кремљ, пренесе РСЕ.

Портпаролката на Навални, Кира Џармиш, за мрежата X соопшти дека церемонијата треба да започне во 14:00 часот по локално време (12:00 часот по средноевропско време) во Црквата на иконата на Мајката Богородица во московскиот кварт Марино, каде некогаш живеел Навални.

Во близина на гробиштата Борисовско и блиската метро станица дежураат полициски патроли. На улични столбови околу периметарот се поставени надзорни камери, а подготвени се и метални огради, јавува рускиот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ), повикувајќи се на RusNews.

Полицијата во четвртокот дозволувала влез на гробиштата откако ги проверила личните документи и поставила прашања за целта на посетата, објави телеграмскиот канал „Можеме да објасниме“.

Полицијата вршела претрес и на лични предмети со образложение дека се потребни безбедносни мерки.

Полицајци се распоредуваат во близина на црквата кај гробиштата каде што ќе биде погребан Навални

Полицајци се распоредуваат во близина на црквата кај гробиштата каде што ќе биде погребан Навални

„И покрај сето противењето, збогувањето со Алексеј дефинитивно ќе биде утре“, наведе Кира Џармиш на мрежата Х во четвртокот.

„Погребна служба во 14 часот, погреб во 16 часот. Доколку сте во Москва, дојдете“, информира Јармиш.

Таа додаде дека погребот ќе се пренесува во живо на Јутјуб.

Back to top button
Close