Заврши драмата во Нови Сад: Фрлен солзавец во станот, екипа на Брза помош го изнела познатиот јутјубер од зградата

Заврши драмата во Нови Сад, каде познат српски јутјубер цел ден се закануваше дека ќе скокне од тераса и ќе си го одземе животот. Како што најново јавуваат српските медиуми, солзавец е фрлен во станот на јутјуберот, а екипа на Брза помош го извадила од зградата.

Според репортерот на „Блиц.рс“, јутјуберот Даниел Ѓукиќ, кој се закануваше дека ќе се самоубие од утрово во 9 часот, е изваден од зградата во која живеел отккао екипата на Брзата помош влегла и го однела.

– Ве сакам сите вас, Србите и сите малцинства и се чувствувам многу добро, извикал јутјуберот додека го однеле.

Според информациите од терен, пожарникарите влегле во корпата со возило со платформа кое од утрово е паркирано пред зградата.

Да потсетиме, целата драма околу заканата за самоубиство започна утринава нешто по девет часот, а преплашената мајка на момчето целиот случај го пријавила во полиција и оттогаш се водеа преговори.

Back to top button
Close