Завршни зборови на Бојан Јовановски во „Меѓународен сојуз”:Во оваа судница беа споменувани суми од 700.000 и 200.000 илјади евра, но не видовме докази

Завршни зборови на одбраната во процесот за „Меѓународен сојуз“. Обвинетиот Бојан Јовановски ја искористи можноста и во своја одбрана, на крајот од процесот, пред судот кажа дека е горд што бил претседател на хуманитарната организација „Меѓународен сојуз“, но и дека поранешниот премиер Зоран Заев бил информиран за проектот.

-Во оваа судница беа споменувани суми од 700.000 и 200.000 илјади евра, но не видовме докази за тие цифри освен што се споменуваа, а звучат оцрнувачки, особено за креирање на лошата слика за мене. Ако господ ми даде здравје ќе го изградам тој дом за стари лица. Имам цврста намера во битолскиот регион – порача јовановски.

Првото рочиште за овој предмет се одржа на 1 јули 2020 година. Судењето за случајот го води судијката Софче Гаврилова – Ефремова, а застапник на денешното рочиште на Основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е јавниот обвинител Трајче Пеливанов.

 

Според обвинителниот акт, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Адријан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународниот сојуз“ на Бојан Јовановски – Боки 13 и ги оштетиле со повеќе илјади евра.

Првообвинет во овој предмет е Бојан Јовановски – Боки 13, кој според обвинителниот акт е обвинет за кривичните дела „измама и перење пари”. Обвинети во овој случај се и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на првообвинетиот Бојан Јовановски, и Јасна Мандиќ – Ерцеговиќ. Обвинетата Ременски се товари за кривично дело „помагање во делото измама”, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари”, а Миле Јовановски се товари за „помагање во перењето пари” и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје”.

Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз

 

 

Back to top button
Close