Здрава Котлина: ЛАЖНИ ВЕСТИ, КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ И РУДАРСКА МАФИЈА

Соопштение на Здрава Котлина

Во последно време се одвива организирана и добро финансирана кампања за создавање медиумски хајки околу потенцијални рудници во Струмичко, Валандовско, Гевгелиско и Прилепско. .

ЛАГИ ОКОЛУ МАНУ — КОЈ НАРАЧА, КОЈ ИЗВРШИ

Одредени медиуми објавија целосно фабрикувана реакција на МАНУ, претставувајќи ја лажно како институционална поддршка за отворање на рудниците Иловица и Плавица. Тоа е свесна лага, конструирана за да создаде впечаток на научен консензус кој не постои.

 

Академик Блажо Боев, национален координатор на Стратегијата за рударство, јавно изрази сосема поинаков став на последната сесија на Технолошко-металуршкиот факултет — пред полн амфитеатар на сведоци и за што еден недипломиран рударско-медиумски лобист јавно го напаѓаше. Во нацрт верзијата имаше спомнување на Иловица како и сите потенцијални точки но по масовни реакции се кажа дека ќе се ревидира поради низа правни, еколошки, технички и економски недоследности за кои нема соодветно решение. Не може со лобирање да се вменува произволно интерес без задоволување на суштината на јавниот интерес и критерумите кои важат за сите останати. Финалната верзија на стратегијата сè уште не е јавно презентирана ниту усвоена. Значи — нема документ, нема одлука, нема основа. Значи има само лага пласирана за пари.

 

Прашањето не е само кој ги напишал лагите — туку кој платил да се напишат.

 

МИНИСТЕРКАТА МОРА ДА ПОСТАПИ — ИЛИ ЌЕ ОДГОВАРА

 

Законот е јасен и нема простор за интерпретација. Концесијата на Еуромакс е издадена во 2012 година. Законскиот максимален рок за добивање дозвола за експлоатација е 4 години. Во 2026 година — четиринаесет години подоцна — таа дозвола сè уште не постои што директно е дефинирана причина за одземање на концесиите!

 

Тоа не е административен пропуст. Тоа е систематско заобиколување на законот, одржувано со години со очигледна политичка заштита. Не е можно да се издаде дозвола за експолатација затоа што се уште се заглавени на истите проблеми со еколошките студии, имотно-правните односи, водоснабдување, пренамена на земјиште итн. Оваа каша попара трае премногу време и Еуромакс Ресурси не се од шарената крава па затоа мора веднаш да се постапи по законот и да им се одземаат концесиите!

 

Министерката Божиновска е должна веднаш да ги одземе концесиите согласно актуелниот Закон за минерални суровини. Доколку тоа не го стори — ќе следат кривични пријави против неа лично и против сите функционери кои свесно го толерирале ова незаконско задржување на концесии. Нема имунитет. Нема заборавање, нема никаква правна основа за одоговлекување на веќе 10 години толеранција надвор од законите. Овој пат нема застарување, а ОЈО ГОКК можеби веќе е во некаква постапка за високо профилиран криминал. Замислете ако сите така почнат да одолговлекубаат за сите работи па и да си бираме кои закони да ги почитуваме а кои закони не!

 

Го повикуваме известувачот за Македонија, господинот Томас Вајс да го документира секој чекор во наредните месеци — кој постапува, кој не постапува и зошто. Ова секако ќе стигне до Европскиот Парламент на еден или друг начин!

 

РУСКИОТ КАПИТАЛ, БУГАРСКИОТ ТАЈКУН И ЛОКАЛНИТЕ СЛУГИ

 

Ова е местото каде работите стануваат особено интересни — и особено опасни за сите вмешани.

 

Зад лобирањето за Иловица-Штука стои бизнис интерес на Цоло Вутов — бугарски тајкун и руски академик, кој во моментот активно се реструктурира за да воспостави соработка со постоечки руски капитал во активен рудник во Радовиш на само 30 километри од Струмица.

 

Целта е кристално јасна: создавање на едно масивно Струмичко-Радовишко рударско комплекс под странска финансиска контрола, прикриена преку Кајмански острови и разгранета мрежа на номинални сопственици.

 

За таа цел им се потребни локални слуги. И ги имаат затоа што се заслепени па купуваат камиони за носење руда.

 

Струмички бизнисмени и државни функционери — добро познати во локалните средини — активно учествуваат во оваа шема. Тие се мостот помеѓу рускиот капитал преку бугарски фирми и македонскиот политички систем. Тие играат оро со врхушките на партиите. Тие договараат и бараат да земат провизии. Тие мислат дека сето тоа нема да излезе на виделина и дека сите ние ќе дозволиме да ср труеме за нивните длабоки џебови.

 

Грешат.

 

Западните амбасади имаат детален и документиран увид во овие врски и динамики. Механизмите за санкции и црни листи се веќе во движење. Ќе има нови имиња на тие листи — и некои од нив ќе бидат струмички.

 

Масоните од ложата на Живко Груевски кои одработуваат за Вутов нека знаат: парите што ги земаат имаат руско потекло и западна видливост. Тоа е комбинација со многу лош крај.

 

ЛОКАЛНИТЕ ШЕРИФИ: КОЛКУ ДОЛГО ЌЕ ТРААТ АПЕТИТИТЕ?

 

Прашањето е едноставно и директно: локалните шерифи и функционери кои го штитат ова лоби — мислат ли дека можат да исконтролираат илјадници разбеснети граѓани во Струмичко, Гевгелиско, Валандовско и Прилепско?

 

Мислат ли дека народот ќе остане мирен додека тие лапаат провизии, а нашите деца пијат отровна вода и дишат метален воздух?

 

Мислат ли дека платената пропаганда преку ботовската мрежа на Плусинфо и мотивираните подкастери ќе ги замени документираните факти и десетгодишниот граѓански отпор?

 

Паљачовците од Инфомакс до пред 6 месеци пееа друга песна па сега почнаа да бришат видеа и да лижат каде досега плукаа. Но тие се небитни и прочитани, си го урнаа кредибилитетот на НУЛА и еве почна да ги плука народ на нивните глупости. Во прилог има слики од нив каде истиот Мечка нешто друго зборува за истите рудници…

 

Ситуацијата со рудникот за антимон во Крива Паланка ги разбуди локалните апетити — но апетитот не е стратегија. Апетитот без проценка на ризик е пат кон катастрофа. За нив.

 

Ако мислите дека ИЕ4 нема да излезе масовно на улица, ако мислите дека блокадите на патишта беа максимумот, ако мислите дека до 2028 можете мирно да одите на избори без масовно да се собереме против вас — длабоко грешите.

 

ЗОШТО РУДНИК ВО СТРУМИЧКО Е АПСОЛУТНО НЕПРИФАТЛИВО

 

Десет години документирано го блокираме ова зло. Фактите не се менуваат:

 

– Не постои ниту едно технолошко решение во науката кое гарантира безбедност за ваков тип рудник во густо населен регион како во Југоисточна Македонија.

– На секоја јавна дебата, научна сесија, телевизиско соочување и неформална средба — апсолутно никој не понуди конкретни одговори за еколошките и здравствените ризици. Мнозинството молчеле. Оние што зборувале — признале дека проектот е проблематичен и побарале да не ги третираме сите концесионери исто.

– Од МАР (асоцијација на рударите) имаа сличен став и затоа Еуромакс Ресурси ги прозиваше да застанат позади нив.

– Граѓаните на референдуми, советите и општини, политичките партии, Црквата, медиумите — сите, без исклучок, едногласно се против.

 

Не случајно бараат вода од Турија. Не случајно имаат скандали со еколошките студии. Не случајно бараат промена на законот. Не случајно купуваат медиумски паљачовци. Секое „не случајно” е уште еден доказ во досието.

 

Ова не е апел не е молба. Ова е предупредување.

Секој обид за притисок врз нас ќе резултира со уште поголем јавен притисок — посилен, пошироко координиран и поупорен. Нема да има мирен ден за оние кои свесно работат против интересите на народот во ИЕ4.

Во Југоисточна Македонија постои тврд орев веќе десет години. Одлуката дали да си ги скршите забите на него — ваша е. Нема да сте први! Но последиците ќе ги сносите единствено вие.

Рудници во ИЕ4 нема да има!

Не си играјте со народот!

Back to top button
Close