Здравствените власти без прецизен датум кога ќе пристигнат првите вакцини против Ковид-19
Сè уште не е јасно кога точно пристигнуваат првите вакцини против ковид во земјата. Здравствените власти продолжуваат да го спомнуваат првиот квартал од 2021 година, но разликата помеѓу јануари и март останува длабок јаз поради можниот пик на следниот бран на пандемијата. Додека се бројат последните денови од декември, Министерството за здравство соопшти дека вакцините од Бугарија евентуално од Грција, се очекува да пристигнат во јануари. Приоритет ќе имаат 10 илјади лекари и медицински персонал, кои се на првата линија на фронтот.
„Во јануари се очекува да ја добиеме ветената донација од Бугарија и евентуално од Грција, од дозите обезбедени за земјите од ЕУ. Преку Полска, ќе обезбедиме дополнителна доза од пакетот од 100 милиони вакцини, дадени на не-европските членки. Методот „Ковакс“ останува сигурен до март за 400.000 наши граѓани, кои се на приоритетната листа“, наведуваат од министерството за здравство.
…
угарија, Грција, Хрватска и Словенија со вакцинација ќе започне на 27-ми декември заедно со сите земји на ЕУ, првично со 5000 дози за секоја земја. Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина чекаат да ги примат првите вакцини во март преку системот Ковакс. Турција нарача најмногу вакцини од регионот односно 50 милиони дози од кинеската вакцина КоронаВак. Од првата нарачка од 3 милиони дози, Анкара ќе започне со примена пред Нова година.
…