Зејтинот во Албанија е 2,6 ЕВРА Нови цени имаат и шеќерот, брашното и оризот

По нова, повисока цена од денеска албанските граѓани купуваат неколку основни прехранбени продукти.

Според одлуката на подвладиниот Одбор за транспарентност, нови цени имаат маслото за јадење, шеќерот, брашното и оризот.

Врз основа на одлуката, цената на литар масло за јадење сега изнесува 321 лека или 2,6 евра, килограм шеќер 123 лека, килограм ориз 104 и килограм брашно 90, 5 лека“, пренесува Ора њуз.

Back to top button
Close