Зеленски го повика Трамп на фронт: Подготвен сум да одам со него на првата линија на огнот
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика американскиот кандидат за претседател од Републиканската партија Доналд Трамп да дојде во Украина и со свои очи да ја види војната против Русија и вели дека доколку дојде Трамп, тие заедно ќе појдат на првата линија на фронтот, пишува денеска Политико.
„Доколку дојде г-дин Трамп, јас сум дури и подготвен да одам со него на линијата на фронтот“, рече Зеленски денеска на Конференцијата за безбедност во Минхен.
Инаку Трамп води во анкетите за да се кандидира за кандидат на Републиканската партија на претседателските избори во САД во ноември, а тој постојано вели дека ќе ја прекине помошта за Украина и ќе го принуди Киев да седне на преговарачка маса со Русија, потсетува Политико.
Според порталот, Зеленски се занимавал со Трамп и за време на неговиот прв претседателски мандат, но внимавал да не ги запали мостовите со темпераментниот Трамп, дури и внимавал да му се обраќа со „господине“, а не директно да го критикува и да го охрабрува да дознае повеќе за војната.
„Мислам дека ако водиме дијалог за тоа како да ја завршиме војната, треба да им покажеме на луѓето кои ги носат одлуките, што значи тоа – вистинска војна, а не на Инстаграм“, рече Зеленски.
Во својот говор на конференцијата во Минхен, Зеленски повторно повика на побрза испорака на артилериски гранати и ракети со долг дострел.