Зеленски: Украина формира странска легија со доброволци

Украина формира „меѓународна” легија на доброволци од странство, изјави денеска претседателот Володимир Зеленски.

„Ова ќе биде клучниот доказ за вашата поддршка за нашата земја”, нагласи Зеленски во пораката до доброволците.

Волонтери од повеќе европски земји веќе се упатија кон Украина за да се борат на страната на земјата против руската агресија.

Зеленски вчера соопшти и дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен, а меѓу другото зборувалеи за помошта од ЕУ за Украина.

„Украина се бори против напаѓачот со оружје во раце, бранејќи ја својата слобода и европска иднина. Разговаравме со Лајен за ефикасна помош за нашата земја во оваа херојска борба. Верувам дека и ЕУ ја избира Украина

Back to top button
Close