Зеленски утре ќе биде примен од кралот Чарлс Трети

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој денеска пристигна во Велика Британија, утре ќе биде примен од британскиот крал Чарлс Трети, пишува британскиот весник „Сан“.

Средбата ќе се одржи на имотот Сандрингам во Источна Англија. Зеленски денеска ќе разговара со британскиот премиер Кир Стармер.

Тој утре ќе учествува и на состанокот на европските лидери во Лондон, посветен на Украина и на зајакнувањето на европската одбрана.

Утре Стармер ќе пречека повеќе од 10 други европски лидери за да разговараат за безбедносните гаранции што Европа може да ги понуди на Киев во случај да има прекин на огнот со Русија.

Состанокот ќе им овозможи на Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон да ги информираат своите европски сојузници за разговорите што ги имаа во Вашингтон со Доналд Трамп, во кои тие го убедуваа да се посвети на американската воена „поддршка“ во случај Москва да го прекрши потенцијалниот мировен договор во иднина, објави Блумберг.

Back to top button
Close