Земјотрес од 4.3 степени во близина на грчкиот остров Икариа

Во морскиот дел неѓу грчките острови Икариа и Самос, беше регистриран земјотрес од 4.3 степени, според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

Епицентарот бил на 32 километри североисточно од островот Икариа, во близина на турското крајбрежје, а засега нема информации за повредени или причинета материјална штета.

Back to top button
Close