Земјотрес од 6,5 степени го погоди западен Авганистан


Земјотрес со интензитет од 6,5 степени го погоди денеска западен Авганистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот бил на 36 километри северно од градот Херат, каде живеат околу 272 илјади луѓе.

Длабочината на земјотресот е десет километри. Засега нема информации за жртви или штети, додаваат од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Back to top button
Close