Вучиќ во недела поднесува оставка од претседателската функција
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, повторно потврди дека на 27 септември ќе поднесе оставка од функцијата шеф на државата. Тој најави дека оставката ќе ја поднесе во вечерните часови и тогаш јавно ќе ги образложи причините за својата одлука.

„Во недела е напорен ден, во недела навечер поднесувам оставка, мислам дека ќе биде околу осум часот навечер“, изјави Вучиќ пред новинарите во Њујорк.
Тој додаде дека граѓаните тогаш ќе ги слушнат причините поради кои решил да се повлече од претседателската функција.
Вучиќ во Њујорк зборуваше и за Нафтената индустрија на Србија (НИС), наведувајќи дека очекува, по разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, да има повеќе информации за можните решенија околу компанијата.
На прашањето дали сега е појасна ситуацијата околу НИС, српскиот претседател рече дека во моментов не знае што конкретно да одговори, но се надева дека, по разговорот со Путин, кој треба да се одржи во наредните денови, ќе има повеќе информации.
Во Њујорк Вучиќ, како што изјави, со повеќе светски лидери разговарал и за организацијата на специјализираната изложба Експо 2027 во Белград. Тој порача дека Србија во текот на одржувањето на изложбата мора да биде домаќин на највисоко ниво.
Експо 2027 во Белград е планирано да се одржи од 15 мај до 15 август 2027 година, под темата „Игра(ј) за човештвото: спорт и музика за сите






